Матис уверува дека САД му се предадени на НАТО, за Трамп самитот бил фантастичен и лична победа

Американскиот министер за одбрана Џим Матис изјави во четвртокот дека САД целосно го поддржуваат НАТО, додавајќи дека Алијансата е посилна по дводневниот самит благодарејќи на реформите и ветувањата на сојузниците поврзани со нивните обврски кон заедничката одбрана.

„Токму онака како што рече претседателот (Донaлд Трамп): стопроцентно сме му предадени на НАТО. НАТО денес е посилен отколку вчера, пред месец или пред една година“, изјави американскиот министер на одбраната Џим Матис за новинарите кои го следат на неговиот лет од Брисел за Загреб.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот во Брисел изјави дела челниците на земјите на НАТО се согласиле „значително да ги зголемат“ трошоците за одбраната и дека НАТО денеска е многу посилен отколку пред два дена. Трамп самитот на НАТО го оцени како „фантастичен“, велејќи дека е одржан во „колегијален дух“.

Непосредно пред неговата конференција за новинарите започнаа да истекуваат информации дека Трамп се заканил со повлекувањето на САД од НАТО, доколку сојузниците не се согласат да ги зголемат трошоците за одбраната.

На прашањето на новинарите дало самиот може да ја донесе одлуката за излегување од НАТО без согласност од Конгресот, Трамп одговори „дека веројатно може, но дека тоа не е неопходно“.

Трамп самитот на НАТО го претстави како лична победа, истакнувајќи дека го добил она што го сакал, иако претходно стасуваа драматични вести од дипломатски извори за повлекување на САД од НАТО доколку другите земји не ги зголемат своите издвојувања за одбраната.

„Им реков дека би бил многу несреќен доколку тие не ги исполнат своите обврски, дека би бил крајно незадоволен, но сите на крајот се согласија, Едно време навистина беше доста остро“, рече Трамп.

„Сите се согласија значително да ги зголемат трошоците за одбраната. НАТО денеска е многу посилен отколку пред два дена“, рече Трамп на вонредно закажаната прес-конференција по завршувањето на самитот на Алијансата. Не прецизираше колкаво зголемување е договорено, но рече дека изминатата година се издвоени 33 милијарди долари повеќе за одбраната и тоа без да се сметаат САД.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговорите на самитот на НАТО биле одмерени и водени со многу почитување, и покрај критичките твитови на американскиот претседател пред и во текот на самиот самит. Истакна дека не верува дека е нужно добра идејата за зголемување на трошоците за одбраната на членки од 2 на 4 отсто од БДП-то, како што предлага Трамп. Вети дека Франција ќе ја исполни целта за 2 отсто до 2024 година, истакнувајќи дека единството во Алијансата е можно само доколку товарот на издвојувањата е праведно поделен.

Трамп им забележува на членките на НАТО поради тоа што нема да ги постигнат целените 2 процента од издвојување во скорешен рок, споменато на самитот во Букурешт во 2008-та а договорен во Велс во 2014 година. Освен САД, коишто издвојуваат 3,5 отсто од својот БДП, в о четвртокот се дозна дека целта засега ја исполниле само уште Велика Британија, Полска, Грција и Естонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.