Матни бизниси под закрила на власта го бетонизираат Маврово, ВМРО-ДПМНЕ бара вонреден инспекциски надзор и акција на обинителството

Зад бетонизацијата на Маврово се криминалните интереси и пактот на матните бизниси и закрилата на власта, реагира ВМРО-ДПМНЕ која ѝ даде поддршка на иницијативата за стопирање на бетонизацијата на Маврово.

„Апелираме за вонреден надзор и почитување на законите. Потребно е да се вклучи и обвинителството кое треба да ги разгледа случаите на бесправно градење. Се работи за организирана мрежа која добива закрила од власта. Јавна тајна е дека зад бетонизацијата на Маврово се криминалните интереси и пактот на матните бизниси и закрилата на власта. Заев ветуваше едно пред 5 години, сега прави сосема друго“, се вели во реакцијата.