Не ми е верно ама тоа е, живееме во времето на рипката Немо, се’ е со кратко паметење, историја, култура, пријателство, а универзумот забрзува и секој ден како со некотролирана брзина си оди. Жално, но ретко забалежувам дека некој некаде објавува или спомна по повод 20 години од појавувањето на еден од нај на нај филмови. Точниот датум е 31 март 1999 кога официјално беше објавен и можеби е преурането од мојата страна, но си давам за право, јас, кој овој филм сум го гледал безброј пати, го имам во ДВД, БлуРеј, 4К верзија и на хард диск, сите дела од трилогијата, да се истрчам и предвреме. Да, признавам дека сум необјективно болно фасциниран од ова ремек – дело.
Ма, нема да користам некакви стереотипни суперлативи за филмот, само ќе кажам – времето во филмот се смета денес, пред и после Матрикс.
Да правам рецензија на вакво нешто денес е просто дегутантно, како да земе некој да ми пишува критика за некоја филмска класика. Да, овој филм, заслужува да биде во алеата на великаните, едно од најдобрите остварувања на сите времиња. Аспоекти колку сакаш, а смешно е да се преповторуваат. До ден денес постојат форуми каде се дебатира за и околу овој културен феномен, кој со неверојатна моќ на продлабоченост и визонерство ја обликуваше виузулената уметност денес или барем беше авангарда која како авионот на Рајт полета во висини, она патос да се изразам.
Bullet-time-от е она кое сите нас не вџаши, а на браќата Вашовски им даде место на филмскиот Олимп.
Иако денес сосема е јасно откако Браќата сменија пол и станаа сестри, дека имале сосема друга визија и намера, жив доказ дека кретивноста е нешто што ги надминува меѓите на човековииот ум и не зависи во потполност од уметникот кој самобендисано мисли дека тера некоја своја, лична приказна. Матрикс се издигна над свите креатори и е дело кое во поп културата се смета за едно од најслоевитите. Мојата рецензија за него ја напишав за Премин некаде 2001, кога беше и формирано списанието и денес важи тоа што го напишав. Дем, да му се сневиди! Како времето како булиттајм лета.
Трилогијата е една од најгледаните на сите времиња, а Матрикс е највлијателниот филм до ден денес. Скоро нема да најдете модерен, вискобуџетен филм во кој ги нема асоцијациите и цитатите, па дури и дрски цитати на сцени и нивна транскрипција.
Матрикс е „ептен-ремек-дело“, авангарда и постмодерна во исто време, a Shape Of Things To Come, кое и ден денес „држи“ и делува современо, затоа и никој уште долго време нема ни да се осмели да направи нова верзија, затоа што навистина, подобро од тоа и не може. Жалам што само универзумот на Матрикс не се прошири во сродни филмови и серии, но сестрите Вашовски сеуште себично не даваат нивното дело да се расплини, и никогаш нема да дознаеме дали тоа е добро или лошо, но актуелноста на тематиката и тоа како е. Зад сајберпанкот и желбата на браќата да се транфсормираат во сестри, а сето тоа филмски да го воздигнат во небесата како идеолошки длабоко, запливаа во водите на суштествните и духовни, ментални, трансцедентални и далбоко религиозни созерцанија за кои, за жал, не верувам дека ни ден денес не се свесни. Не се тоа продуховени уметници и тоа и по нивната параноја и допследователни дела може да се констатира. Но, им се поклонувам затоа што некоја виша сила делува суптилно преку нивното дело.
По повод 20 години се риздадени нови обновени верзии во 4К технологија. Секако, овој филм на многумина е единствениот порив кај многумина наместо автомобил или друг луксуз да купуваат скапи телевизори и блуреј плеери како и оригинални филмови, а и јас меѓу нив, редовно и да го гледам секоја година и така најмалку 20 пати … и не задосадува, пресуштествен, издржан, леплив и забавен. Треба да го имате во колекција оригиналот како што ги чувате собрани делата од Толстој, Тито, Достоевски, Кардељ, со таа разлика што ова редовно ќе го „читате“.
Режија – Вашовски; Главни улоги – Кијано Ривс, Лоренс Фишбурн, Кери Ен Мос; Продуцент Џои Силвер
Корисен линк – IMDB, Линк за фраери – Amazon, Линк за ептен фраери – Amazon Prime
Текстот е напишан со зелен фонт, ако не е, тогаш има некаво пореметување во вашата перцепција или има глич во вашиот матрикс
Автор: Јанко Илковски за НетПрес