Матурантите со добар 3 ја положија државната матура

Министерството за образование и наука ги сумираше резултатите од полагањето на државна матура на средношколците, матуранти, што се веќе објавени во училиштата. На денешната прес конференција во Влада, министерот за образование и наука, Арбр Адеми рече дека резултатите се подобри од оние од минатите години.

„Просечната оценка е 3.47, додека пак лани била 3.42. Англиски јазик е изборниот предмет кој е најмногу избран од учениците, од вкупно 14.103 ученици. Подобрувања има по предметите македонски јазик и литература, албански јазик, англиски јазик и математика, предмет кој имал најдобри резултати во последни 3 години.

Послаби резултати од минатата година има по предметите историја, биологија, бизнис и турски јазик“, изјави Адеми.

Учениците кои не го положиле државниот испит можат да достават приговори уште утре, на 5 јули.