Маусдонија – неуспешниот експеримент

Некаде во 1962 е направен експеримент со глувци кој го предводеше Др Џон Б. Калхун, кои се ставени во идеална средина за да се проучува нивното однесување. Секоја сличност со човештвото е потполно намерна и токму за тоа наменета. Јас сакам, од оваа временска дистанца да споредам, локално, со нашата земја, општество.

Генезисот

Неколку глувци се ставени во простор каде имале доволно храна, вода и заштита од било какви предатори, природни или вештачки. Имале чист простор каде можеле да се движат, да направат гнезда и да егзистираат. Никакви болести или било какви други закани немало по нив. На почетокот се адпатирале и било потребно кратко време, неколку недели, но потоа доаѓа до експлозија на популацијата која непречено, со доволно ресурси за сите, да се размножува. После 300 дена популацијата доживува пик и кривата на експанзија на бројот на единки почнува да стагнира. Во тој период почнува нешто невообичаено. Иако имало доволно храна, вода и никаква опасност и болест, почнало да се јавува агресија меѓу единките. Секако, само просторот останал ист и сокоро пренселен, но сепак, можеле да живеат незагрозени од никој и од ништо… освен од себе. Новите генерации често биле напаѓани и самите развивале агресија која ја пренеле и на следните генерации.

Се помалку имало принови, но бројот останувал релативно стабилен. Тогаш почнале да се појавуваат нови единки со потполно ново однесување несвојствено за овој животински род. Научниците ги нарекле ПРЕКРАСНИ ЕДИНКИ, тие не сакале да се дружат со остатокот од заедницата, не биле заинтересирани за територија, за секс и само јаделе и живееле потполно мирно. Но, најинтересно е дека овие биле најглупави единки од целата популација. Нивното ниво на интелигенција било исклучително ниско, дури и пониско од евидентирани во овој животнски вид на бели глувчиња.

Со време популацијата почнала да опаѓа драматично и со иста прогресија како што и се размножувала во време на бумот на популацијата. Едноставно почнале се’ помалку да се размножуваат, до потполно исчезнување. Со процентот на бројот на ПРЕКРАСНИ ЕДИНКИ, на крај, целата поулација умира. Нема болест, нема војна, отрови, болести, непријатели, па дури и меѓусебната агресија не била доволна за депопулација. Самозгаснување!

Заклучок

Самите заклучоци се универзални, научни и верификувани на глобално ниво, но овој експеримент е правен со сосема друга намена да се спореди како ние луѓето, кои сме скоро на пикот на популацијата може натаму да ни се развива и кон што нашата цивилизација, но… големо НО… Има премногу фактори кои се неспоредливи и секако никој не знае сеуште каде е границата на максимална одржливост (некои оптимистички фактори велат дека планетата може да поднесе 42 милијарди) нејсе, но мене ми се создава болна асоцијација, кога ги гледам состојбите кај нас.
Немаме реални непријатели (освен политички) од катаклизмични настани или егзекуции, геноцид од било што… но, самоуништувањето е нешто што било кој ќе ви го детектира во нашава земја, меѓу нашиве луѓе. Затоа ли се бега одовде? Истиктивно? Одамана заклучивме дека и покрај се’ во Македонија не се умира од глад, не сме ни пренаселени, но тензијата на колективната омраза е страшна.

Антифашисти кои се служат со фашистички методи во „ката – со замислен противник“. Исклучивост и краен наци-концепт до апсурд. Нема миротворци има само ново поколение кое не сака да делува во вакви услови и само преживува и се откажува од се’. Ние сме во бела смрт, депопулација, општа, но причините за тоа се сосема други.

Глувците немаат емпатија и свест за љубов, ние ја имаме, но само декларативно, а реално никаде не ја даваме ниту примаме, оти арогантно мислиме дека сме подобри и попаметни од другите. Затоа исчезнуваме и создаваме единки кои ги исклучија центрите за кретивност, љубов, семејство, вредности, интелект… ние сме виновни оти сме слепи и залсепени во својата праведност. Ние продуцираме вакви нови генерации, никој друг.

Ние сме сведени на ниво на глувци!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес