Маврициус враќа дома 40 Италијанци ставувајќи од коронавирус

(Photo by Alberto PIZZOLI / AFP)

Четириесет Италијанци на кои не им е дозволено да се истоварат од авионот со кој слетале на Маврициус бидејќи локалните власти стравуваат од ширење на коронавирусот, ќе бидат вратени дома, објави во понеделникот воздухопловната компанија „Alitalia“.

Авионот слетал на Маврициус во 6,45 часот по средноевропско време со 212 патници, вклучително и 40 од Ломбардија и Венето, северните регионо во кои забрзано се шири вирусот.

Властите на Маврициус соопштија дека тие 40 патници смеат да се симнат од авионот само доколку се согласат да бидат сместени во карантин. Од „Alitalia“ тврдат дека не биле однапред предупредени.

Патниците, кои немаат симптоми на болеста, изјавиле дека попрво сакаат да се вратат дома. А од компанијата објавија дека го подготвуваат нивното итно враќање.