Човек од американскиот град Њуaрк бил уапсен на своето работно место откако било откриено дека ејакулирал во кафето на својот работодавач секое утро, повеќе години.
38-годишниот Луис Вилијамс ги поминал последните четири години како личен асистент на Линда Мур, извршен претседател на инженерската фирма „ДАНКО“.
Меѓу работните задачи како асистент на Мур, тој имал обврска да ги презема нејзините телефонските повици, да го организира дневниот распоред и да и носи кафе на нејзиното работно биро, секој ден кога таа пристига на работа.
Тој, после жестока кавга со својата шефица, низ афект и лутина признал пред десетина соработници дека свршувал во нејзиното кафе „стотици пати“.
Според негов колега практикант, кој бил сведок на целата сцена, Луис Вилијамс не покажал покајание додека го раскажувал неговото злосторство.
Тој речиси изгледаше горд кога рече: „Јас ги јадев твоите срања четири години, но за сето тоа време ти ми ја пиеше спермата! Потоа се насмевна и објасни се’“.
Лутиот вработен објаснил дека ставал „екстра крем“ во кафето на Мур, пет дена во неделата и во текот на многу години.
По признанието, неговите колеги ја повикале полицијата и Вилијамс бил уапсен.
Шефот на полицијата на Њуарк, Бери Конел, изјавил дека обвинетиот, меѓудругото, признал повеќе од 800 кривични дела, што го направил најголемиот сексуален престапник во американската историја.
Вкупно 910 кривични пријави се поднесени против него, вклучително и 860 обвиненија за сексуален напад. Ако биде прогласен за виновен за сите обвиненија, тој може да се соочи со 1070 години затвор.
Мотивациите на Луис Вилијам кога ги извршувал своите злосторства остануваат нејасни, но сигурно е дека имало непријателство меѓу него и неговиот шеф.
Некои од неговите колеги им рекле на новинарите дека тој е длабоко мизогичен и смета дека е понижувачки да прима наредби од жена цел ден.
Од друга страна пак, други вработени во компанијата, сугерирале дека Мур честопати била агресивна, доминантна и вербално навредлива со обвинетиот и можеби тој дејствувал во вид на самоодбрана.