Маж на 72 години се удави во прилепскиот Градски базен

Во Градскиот базен во Прилеп вчера околу 13:30 часот се удавил 72 годишниот Г.К. Од полицијата информираат дека смртта без траги на насилство била констатирана од страна на лекар и истата настапила најверојатно од срцев удар.

По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.