Маж на Паг си ги фрли четирите деца од прозорец

Од четирите малолетни деца кои таткото во четвртокот утрото ги фрлил од првиот кат на семејната куќа на јадранскиот остров Паг, две се тешко повредени, а две се надвор од животна опасност, пренесува агенцијата Hina повикувајчи се на директорот на болницата во Задар.

Педесет и четиригодишен маж на Паг утрово ги фрлил четирите малолетни деца од првиот кат на семејната куќа, по што децата итно се префрлени во општата болница во Задар. Локалните медиуми неофицијално пренесуваат дека станува збор за деца на возраст од 3, 5, 7 и 8 години.

„Две деца се тешко повредени и се наоѓаат на одделот за интензивно лекување, а две се надвор од живтона опасност. Сѐ уште траат испитувањата“, рекол за агенцијата директорот на задарската болница, Жељко Чулина.

Засега не е познато што е причината за овој налудничав потег на родителот, само е познато дека во време на инцидентот во домот била и мајката на децата, соопштила полицијата која мажот го притворила и го испитува.