Скопјанка во понеделникот претпладнето во оставата од семејната куќа го пронашла обесен својот сопруг, по што синот случајот го пријавил во полицијата, извести во вторникот министерството за внатрешни работи.
С.А. од Скопје вчера околу 12,30 часот пријавил во полиција дека неговиот татко 60-годишниот Б.А. се самоубил со бесење.
Мажот бил пронајден обесен во остава надвор од куќата од страна на неговата сопруга, која го пресекла јажето и го симнала телото на починатиот на подот. Од страна на екипа од Итна медицинска помош во 13 часот била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, информираат од полицијата.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.