Oколу 19 часот синоќа во Кичево на улица „11 Октомври“ било пријавено дека во неговиот дом бил пронајден починат И.П.(42).
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт а на телото биле забележани видливи повреди во вид на модринки и црвенило во пределот на подбрадокот и вратот.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Кичево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.