Маж од кумановско загина при градење куќа

Возрасен маж го загуби животот во несреќен случај во петокот претпладнето во Куманово, при изведување градежни работи, соопшти локалната полиција.

Трагедија се случила утринава во Куманово на улицата „Никола Спасиќ“. Имено, додека работел на приватна куќа, врз 64-годишниот С.Д. од кумановското село Тромеѓа, паднала плоча.

Тој со возило на Итна медицинсла помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, а од таму во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт. Увид извршила екипа од СВР Куманово, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.