Маж пронајден мртов во Струга

Како што информираат од општата болница во Струга, седумдесет и тригодишно лице од Тирана без знаци на живот ноќеска било донесено на Интерното одделение во Општата болница.

СВР Охрид денеска соопшти дека 10 минути по полноќ од Итната медицинска помош на Интерното одделение без значи на живот бил пренесен Ф.С. (73) од Тирана, Албанија.

По извршен лекарски преглед, како што е наведено во информацијата, врз неговото тело, не биле забележани траги на насилство.

Пред неполн месец  во Охрид имаше две вакви трагедиии во која  возрасен маж почина од природна смрт и маж држвјанин на Кина беше пронајден без знаци на живот  во близина на Плаошник и кај двете лица не било пронајдено траги на насилство.