Маж се фрлил од балкон во Карпош 4

Маж извршил самоубиство скокајќи од балкон во зграда во скопската населба Карпош 4, објави Прес 24.

Според информациите, соседите го забележале безживотното тело на мажот пред зградата.  Нема информации кои се причините за самоубиството.
Соседите велат дека бил семеен човек, татко на 2 деца.

Од МВР нема информации за овој случај.