Маж се самозапали во центарот на Прага

Маж во петокот се самозапалил на централниот плоштад во чешката престолнина Прага, во периодот кога Чесите му оддаваат почест на студентот Јан Палах кој се запали на 16-ти јануари 1969 година во знак на протест против советската интервенција во тогашната Чехословачка.

Неидентификуваниот маж е префрлен во болница, откако минувачите успеала да го изгазснат огнот. Се запалил на Вјенциславскиот плоштад, на истото место на кој Јан Палах го изврши својот очајнички чин во 1969 година.

Дваесетгодишниот студент по философија на Карловиот универзитет во Прага се самозапали протестирајќи на тој начин против воената интервенција на тогашниот Советски сојуз, која во август 1968 година ја задуши ткн Прашка пролет со која се бараа демократски реформи на тогашниот комунистички систем во тогашната Чехословачка.

„Според првите информации, маж роден 1964 година околу 3 часот попладнето се полеал по телот со запаллива тешчност и се запалил“, објави прашката полиција на Twitter. Неговите мотиви засега се непознати и отворена е истрага.

„Го видов од далеку, потрчав и сфатив ‘О Боже, тој навистина гори… Почнав да го гаснам огнот, се полеал со бензин, се чувствуваше мирисот“, трекла девојка на местото на несреќатата крај Народниот муеј на Вјенцеславскиот плоштад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.