Маж вооружен со нож нападна војник во Париз

Маж вооружен со нож нападна војник во центарот на Париз во петокот утрото при што нема повредени, објави полициајта, додавајќи дека војникот бил во патрола на улиците на француската престолнина во рамките на операцијата Сентинел, воведена во Франција по серијата терористички напади кои започнаа во јануари 2015 година.

Инцидентот се случил на станицата „Шатле“, еден од најголемите јазли на линиите на париската подземна железница. Напаѓачот веднаш бил уапсен.

Според првичните сознанија на истрагата, напаѓачот кој брзо бил совладан од војникот го извикувал името на Алах, истакнал за AFP неименуван полициски извор.

Напаѓачот неколкупати во текот на нападот ја споменувал џихадистичката организација Исламска држава, рекол друг полициски извори за телевизијата BFM TV.

Лицето не било претходно познато на полициските служби, додал соговорникот на AFP. Истрагата засега е доверена на криминалната единица на правосудната полиција

Информацијата за инцидентот ја потврди и министерката за одбрана, Флоранс Парли во изјавата за радиото Europe 1. „Не знаеме за намерите на тоа лица, но сигурно можеме да кажеме дека овој напад го потврдува она што треба да го сториме, имено да ја зајакнеме ефикасноста на оваа операција“, рече.

Станува збор за седми напад врз војниците припадници на операцијата Сентинел, која беше воведена во рамките на планот Вижипира по нападите од јануари 2015 година. Во претхотниот шест лица беа повредени во група војници врз кои на 9-ти август налета автомобил во местот Левалоа-Пере, во близина на Париз.

Претходно во четвртокот на седницата на Советот на министри, министерот за внатрешни работи Жерар Колон изјави дека француските власти одлучиле да се откажат од идејата да се намали бројот на војниците ангажирани во операцијата Сентинел (Sentinelle) и за намерата да се зајакне ефикасноста на оваа операција во борбата против терористичката закана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.