Мацари нема да добие отказ на крајот од актуелната сезона

Спортскиот директор на италијанскиот калчо гигант Интер, Пиеро Аусилио, ја негираше пласираната шпекулација дека актуелниот тренер, Валтер Мацари нема да биде предводник на “нероазурите” во новата сезона од италијанската Серија А.

„Мацари работи 24 часа на ден, знае се што се случува во клубот. Тој е дел од оваа организација и сите сме сведоци на неговата напорна работа. Има голем напредок кога е во прашање првиот тим на Интер кој делува се поубедливо и посигурно. Има напредок кога е во прашање и дефанзивата иако има и такви кои не се задоволни од моменталната позиција на табелата. Мацари ќе остане на „Џузепе Меаца” и тоа без разлика кое место ќе го освои Интер на крајот од актуелната сезона,“ изјави Аусилио.