Маж и жена барани со потерници приведени на скопскиот аеродром

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ во четврткот полициски службеници го лишиле од слобода 36-годишниот М.Б. од Скопје, како и 37годишнарта Ѓ.Р. од Скопје, исто така, барана по централна потерница.

Мажот и жената биле барани по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицата ќе бидат спроведене во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.