Маж и жена застрелани во својот дом во Крива Паланка

Сопружници се борат за живот на скопските клиники откако доцна синоќа биле застрелани од маскирано лице во нивниот дом во Крива Паланка.

Од Министерството за внатрешни работи, околу 21,30 часот маскирано и вооружено лице, чиј идентитет засега е непознат, заѕвонило на вратата од домот на С.К. (54) на улицата Христијан Тодоровски Карпош.

Домаќините отвориле не знаејќи кој е од другата страна на вратата. Разбојникот веднаш влетал и ги застрелал С.К. и неговата четириесет и деветгодишна сопруга со истите иницијали.

Од полицијата информираат дека, мажот е со прострелна рана во градниот кош, а жената е застрелана во стомакот. Поради сериозните повредени пренесени се во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата е во потрага по разбојникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.