Маж од Велешта застрелан в гради

Педесет и петгодишно лице од Велешта денеска е примeно во струшката болница со две прострелни рани во градниот кош.

Случајот во полиција го пријавил лекар од Општата болница во Струга.

– Во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со прострелна рана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта. Полицијата врши увид на местото на настанот и презема мерки за разјаснување на околностите под кои се случило пукањето, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, – Стефан Димоски.

Според првичните информации, настанот се случил во куќа во Велешта, во која не живеел никој, а била во сопственост на близок роднина на повредениот.