Маж паднал во водите на Вардар, телото не е пронајдено

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кејот на реката Вардар, во близина на ПИОМ, машко лице паднало во водата.

Како што информира МВР по извршените пребарувања, телото не е пронајдено. Се работи на расчистување на случајот.