Маж починал од удар на гром во светиниколско

Синоќа било пријавено дека во село Дорфулија, светиниколско, на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од с.Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.