Маж пронајден починат во Охрид, познат неговиот идентитет

На 04.05.2022 година во 07.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро кај комплексот „Горица“ било забележано едно лице.

Од извршениот увид било констатирано дека се работи за Н.Н.(63) од Охрид, кој паднал и  починал.

Смрт без траги на насилство констатирала од екипа на Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.