Маж се самоуби скокајќи од 5 кат

Рано утрово маж се самоуби скокајќи од петти спрат од зграда во Чачак.

Од полицијата ја потврдиле информацијата додавајќи дека тие примиле дојава за овој инцидент околу 05:15 часот наутро.

Според нивните информации станува збор за лице кое имало психички проблеми, а неофицијално како што истакнале од брзата помош станува збор за маж на околу 30 годишна возраст.

Иако веднаш била повикана брзата помош, тие само ја констатирале смртта која настанала веднаш по падот. Истрагата е во тек.