Маж тешко повреден во масовна тепачка во Битола

Ноќта кон саботата околу 3 часот по полноќ во СВР Битола било пријавено дека пред угостителски објект во Битола настанала физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што со тешки телесни повреди се здобил Б.Т.(31) од селото Барашени.

Повредите биле констатирани во Клинички центар Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.