Маж во Нов Зеланд примил 10 вакцини во еден ден, отворена истрага

45

Здравствените власти на Нов Зеланд отворија истрага откако еден маж наводно 10 пати се вакцинирал против Ковид-19 во само еден ден, јавија локалните медиуми, пренесува ДПА.

Се смета дека човекот бил платен да ги добие вакцините во име на други луѓе, јави денеска интернет сајтот „Stuff”.

Министерството за здравство сериозно го сфати ова прашање, изјави за „Stuff” менаџерот за вакцина и имунизација за Ковид-19, Астрид Курнеф.

-Ние сме многу загрижени за оваа ситуација и работиме со соодветните агенции, рече таа.

„Да се има неточен вакцинален статус не само што ве става во ризик, туку ги става во ризик и вашите пријатели, семејството и заедницата, како и здравствените тимови кои ве лекуваат сега и во иднина”, додаде Курнеф.

Во Нов Зеланд луѓето не мора да покажат идентификација кога ја примаат вакцината.

Многу од бизнисите и објектите во земјата користат домашен сертификат за вакцинација што им овозможува пристап до посакуваните локации само на целосно вакцинирани лица, пренесува ДПА.

Околу 89 отсто од жителите на Нов Зеланд се целосно вакцинирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.