Маж вратен од Швајцарија починал во амбулантата во Арачиново, нема информации дали има корона

Маж на 49-годишна возраст пред два дена вратен под Швајцарија, починал во вторникот во амбулантата во скопско Арачиново додека чекал на преглед, но засега не е познато дали лицето било позитивно на коронавирусот.

Како што пренесува портарлот Република.мк, несреќата се случила вчера во амбулантата во Арачиново околу 16,30 часот, кога мажот додека чекал на лекарски преглед паднал во бесознание.

Била повикана и брза помош, била направена реанимација за по еден час да биде констатирана смрт. Неофицијално, според сознанието на порталот, лицето било вратено од Швајцарија пред два дена и не било регистрирано дека влегло во државата.

Од Република.мк за случајот поставиле прашање до министерот за здравств, Венко Филипчем дали има сознанија дали се работи за лице заболено од корона. Меѓутоа, како што се наведува во информацијата, до средата попладнето не дибиле одговор.