Мажите не сакаат црвени градници?!

Црвената боја е водечки синоним за страст, моќ и љубов. Но, ако ги прашате припадниците на посилниот пол, не секој маж го има ставот дека жената изгледа сексипилно во црвена долна облека.

Барем така покажале резултатите од неодамнешното истражување спроведено од страна на британскиот бренд за долна облека „Dr Beckmann“.

Повеќе од половина од анкетираните мажи (56%) ја оцениле црвената како најнеомилена боја на долна облека, на второто место е розовата со 18%, а третата е „кожа“ боја (11%).

Истовремено биле испитани и жените, кои на прашањето која боја за долна облека ја претпочитаат мажите, најчестиот одговор бил токму црвената, а 60% од нив признале дека купуваат црвена облека кога сакаа да го импресионираат својот партнер.

Тогаш, која боја на долна облека треба да ја одберат дамите?

Според анкетираните мажи, жените треба да изберат што е можно поедноставна долна облека, со акцент на белото или црното, ако сакаат да го импресионираат партнерот во спалната соба.

47% од испитаниците кажале дека претпочитаат црната долна облека на своите партнерки, додека пак 34% од нив ја избрале белата боја како нивен избор за секси долна облека.

Стивен Симспон од „Dr Beckmann“ ја воочил и разликата меѓу традиционалниот и современиот маж.

Традиционално, мажите купувале црвена долна облека за својата девојка, сопруга или љубовница, со верување дека е најромантична и најпривлечна за долна облека. Сепак, според нашето истражување, вкусовите на современите мажи се променети, па дамите треба да знаат дека црвеното е „аут“ и нивниот избор да биде повеќе софистициран и црно-бел, ако сакаат да го импресионираат својот партнер, се вели во истражувањето.

Сепак, ова е заклучок на само еден дел од британската популација…Црвената боја на секоја жена различно ѝ стои, а исто е важно и како една дама умее да ја носи. Не се ограничувајте со експериментирање со боите во спалната соба.