Мажот чие безживотно тело беше извлечено од Вардар бил застрелан

архивска илустрација

Основното јавно обвинителство Гостивар вчера изврши увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години.

Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје.

Со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот.​