Мажот легнал, а јунакот не станува

Терминот импотенција е со латинско потекло од зборот „impotens“, што значи неможност на мажот да го одржи текот на сексуалниот однос. Импотенцијата, или најстручно опишано како еректилна дисфункција на половиот орган, е еден од најчестите проблеми со кои мажите се соочуваат.

Немоќта да се контролира механизмот на пенисот има духовна и телесна природа, независно од возраста на мажот. Статистички гледано, секој десетти маж на возраст од 30 години се почесто се справува со импотенција. Од импотенција можат да страдаат и жените, но кај нив тоа е многу ретко.

Стресот, финансиските проблеми, преголема одговорност, нездравиот живот, мрсната храна, дури и конзумирање цигари и алкохол се само дел од факторите кои влијаат на овој проблем кај мажите.

Импотенцијата кај младите мажи претежно е предизвикана од психолошки фактори, додека пак кај постарите почесто е од физичка природа. Еректиктилната дисфункција може да биде примарна и секундарна. Кога станува збор за примарна импотеција, половиот однос е невозможно да се изведе и станува збор за поретка појава која и тешко се лечи. Секундарата импотенција пак, можно е да се излечи во било која животна доба.

Психички фактори и влијанија

Психолошките влијанија понекогаш не е едноставно да се откријат и дијагностицираат. Но, мажот многу добро знае да се сети кога проблемите во спалната соба започнале. Овој тип на фактори вклучуваат отказ од работа, одредена траума или можеби потсетување на денот кога го фатиле како изневерува.

За лечење на импотенција која е „блокирана од умот“ често е доволен разговор со психолог, психијатар или психотерапевт. Во минатото, генерално се сметало дека факторите за неможност на мажот да ја задоволи жената во кревет биле од псхилошки карактер, но докторите денес имаат малку поинакво мислење.

Комбинирани психолошко – телесни фактори

Доколку не е од психичка природа, можно е импотенцијата да биде добиена од комбинација на некои физички пореметувања во телото, комбинирани со менталното здравје. Овој тип на еректилна дисфункција е почест за разлика од исклучиво психичкиот фактор. Обично настапува како последица на органски пореметувања на кои дополнително се надоврзуваат и псхички тегоби, како недостаток на самодоверба или страв од неуспех и одбивање.

Лечењето е покомлицирано бидејќи два фактора се во игра. Терапијата генерално се одредува кога ќе се дознае проблемот од органска природа, а најчесто вклучува и третман кај терапевт за да се искорени психичкиот фактор. Овој тип на импотенција е многу чест случај во бракот. Понекогаш се појавува поради недоволна доверба или сексуална монотонија. Некогаш е предизвикана од здравствен проблем, а неретко и самата возраст игра улога.

Телесни фактори

Физичките фактори вклучуваат проблеми со нервите, крвните садови или хормонален дисбаланс во телото. Невролошките проблеми често се предизвикани од оштетување во центарот на мозочната кора, кое може да биде предизвикано од мозочен удар, тумор или Паркинсонова болест.

Пролапс на интракрастиналниот диск и повреди на карличните нерви, дијабетес, или хирургија на простата исто така се проблематични за потенцијата кај мажот.

Циркулаторниот систем е од клучно значење за потенцијата. Сиромашниот проток на крв поради масни наслаги на ѕидот на крвните садови го отежнува пумпањето на крв во пенисот. Зголемен холестерол, триглицериди, пушење цигари и дијабетесот се лоши за срцето и крвниот систем.

Третманот на овој тип на импотенција се сведува на контролирање и санација (ако е можно) на примарните болести, на пример со регулирање на шеќерот во крвта и крвниот холестерол. Акцентот е ставен на усвојувањето на здрави навики, како што е прекин на пушењето, воведување на поздрава храна во исхраната и зголемување на физичката активност.

Хормонален дисбаланс

Два хормони се важни за здрава потенција. Тестостеронот ја одржува потентноста и затоа е пожелен во поголеми количини. Кај мажите над 30 години, овој хормон природно започнува да се намалува. Во 60 годишна возраст, мажот има една третина помалку тестостерон за разлика од 30 годишен човек.

Ниското ниво на тестостерон може да биде присутно и кај помладите мажи доколку имаат здравствени проблеми со тестисите. Импотенцијата предизвикана од здравствени проблеми се третира со додатоци на тестостерон во форма на инјекции или таблети.

Другиот хормон е пролактин. Покаченото ниво на пролактин предизвикува брзо опаѓање на ерекцијата, и најчесто е во корелација со работата на хипофизата, жлездата во мозокот која е заслужна за лачење на овој хормон. Во овој случај, лечењето се изведува со пиење таблети или зависно од сериозноста на проблемот и со неврохируршки зафат.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.