Мбапе ја однесе Франција во осминафиналето на СП (ВИДЕО)

Foto:twitter.com/FIFAWorldCup

Франција е првата селекција која се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Катар, што значи дека актуелниот првак ќе ја брани титулата и во воведната нокаут фаза.

„Триколорите“ денеска за противник имаа тим од кој двапати загубија во Лигата на нации во изминатите неколку месеци, но кога беше најпотребно, избраниците на Дидие Дешамп го покажаа своето вистинско лице.

Франција беше подобар тим цели 60 минути, постојано напаѓачи и имаше 14 обиди за гол, но мразот беше скршен дури во 61-та минута по добрата комбинација меѓу Тео Ернандес и Килијан Мбапе по левата страна.

Брзите фудбалери направи проблем за Данците и ја исфрлија од игра цела одбрана, по што Французите стигнаа до заслужено водство по нешто повеќе од еден час игра. Веднаш после ова, Дешамп го извади од игра Жиру, но тоа резултираше со опуштање кај светскиот шампион и многу посериозна игра од противникот.

Данска брзо израмни на 1:1 преку Кристенсен во 68-та минута, а потоа го имаше и моментумот и не реализираше голема шанса за водство од 1:2. Тие пет минути комплетно им припаднаа на Данците, но потоа следеше ново консолидирање од Француите, кое резултираше со втор гол на Мбапе за победа од 2:1 и пласман во осминафиналето.

Данска ќе брка такво нешто во последната рунда во групната фаза, во која ќе мора да оствари победа над Австралија за да се најде меѓу најдобрите 16.