Мбапе доби понуда за двојно поголема плата да остане во ПСЖ

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе може да остане во клубот, и покрај интересот на Реал. Дваесет и едногодишниот Французин размислува да потпише нов договор со парижаните.

Според „Л’Екипе“ ПСЖ му понудил на Мбапе истата плата како неговиот соиграч Нејмар – 683 илјади евра неделно. Оваа сума е скоро двојно поголема од сегашната плата на Мбапе.

Сегашниот договор на фудбалерот со ПСЖ истекува во јуни 2022 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.