Мбапе ги шокираше навивачите, не сака да потпише нов договор со ПСЖ

Килијан Мбапе постигна два гола за ПСЖ во синоќешната победа над Монпеље од 4:0 и по мечот потврди дека се уште нема решено дали воопшто ќе потпише нов договор со првакот на Франција.

„Поддршка од навивачите и од клубот имам во целост, дури и кога ми беше најтешко и за тоа им благодарам. Но сакам да размислам добро што ќе правам во иднината. Не сакам да потпишам нов договор со ПСЖ а по една година да речам дека сакам да си одам до клубот. Мора добро да размислам затоа што потпис ќе значи дека ќе играм за овој клуб уште многу години. Наскоро ќе донесам одлука но не смеам да брзам“, – изјави Мбапе.

Крилниот напаѓач е трансфер цел на Реал Мадрид кој верува дека во јуни ќе може да го купи за 100 милиони евра. Мбапе има договор со ПСЖ до јуни 2022 година.