Мбапе најплатен фудбалер во француската Лига 1

Килијан Мбапе е најдобро платениот играч во Лига 1 и еден од најдобро платените спортисти во светот, со 6 милиони евра бруто месечно, објави во четвртокот спортскиот дневен весник L’Équipe.

На Мбпапе, кој го освои Светското првенство во 2018 година со Франција, на подиумот во ваквото рангирање му се придружуваат неговите соиграчи од Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар со сума од 3,675 милиони евра и Аргентинецот Лионел Меси со 3,375 милиони евра.

ПСЖ ги монополизира првите десет места во рангирањето што секоја пролет го одредуваат новинарите на L’Équipe. Просечната бруто-месечна плата на ПСЖ надминува еден милион евра, односно изнесува 1,017 милиони евра, пишува весникот.

Единствените двајца играчи кои не се членови на ПСЖ, а чии плати се меѓу 16-те најдобри во францускиот шампионат се Висам Бен Једер од Монако со 650.000 евра и играчот на Олимпик Марсеј, Џордан Верету кој заработува 550.000 евра.