Мбапе останува во ПСЖ

Дваесет и едногодишната француска фудбалска ѕвезда Килиан Мбапе ќе остане во редовите на францускиот шампион Пари Сен Жермен уште најмалку една година, потврди во разговроот за BeIN sport.

„Тука сум, во овој проект сум четврта година. Следната година ПСЖ го слави 50-от роденден и ова за клубот и за навивачите е важна сезона. Ќе бидам тука за заедно со екипата да ги освоиме сите трофеи“, вели младиот напаѓач.

Во медиумите се шпекулираше дека Мбапе ова лето би можел да го напушти Париз и да се пресели во Реал Мадрид,.

„Килиона има договор со клубот и не сме подготвени да го продадеме. Тој е супер важен, клучен играч за нашата игра. Вистински дар е да се игра со него, со играчи како што се Нејмар, Анхел Ди Марија, Икарди, Верати…. Сите тие се извонредни играчи. Меѓу него и Нејмар постои вистинска поврзаност. Тоа е вистинската сила на ПСЖ“, изјави тренерот на парижаните Томас Тухел.

Мбапе во ПСЖ стаса во 2017 година од Монако. Прво настапуваше како позајмен играч а потоа „Светците“ го откупија неговиот договор. Се претпоставува дека вредноста на договорот изнесувала 180 милиони евра.