Мбапе пак одби да потпише нов договор со ПСЖ

Килијан Мбапе одби уште една понуда од ПСЖ за продолжување на договорот. Тој е одлучен да го напушти францускиот тим и да оствари трансфер, најверојатно во Реал Мадрид.

Младиот фудбалер овој пат не сакал да потпише договор на пет години со можност на продолжување на уште една, одбил и голема сума на пари, поточно поголема плата од досегашната.

Француските медиуми пишуваат дека Мбапе веќе има понуда, но не од Реал Мадрид, туку од англиски тим, засега на е се открива името. Неговиот договор со ПСЖ завршува на крајот на оваа сезона.