Меџик Џонсон ѝ испрати писмо на мајката на Дражен Петровиќ

Петкратниот НБА шампион и еден од најдобрите кошаркари во историјата Ирвин Меџик Џонсон, летото го помина на хрватската ривиера и пријатно ги шокираше Хрватите кога својата мулти-милионска јахта ја паркира во Сплит. Неодамна се врати во САД, но мораше писмено да истакне колку е воодушевен од Хрватска.

Меџик напиша писмо кое ѝ го испрати на Бисерка Петровиќ, мајката на трагично загинатиот кошаркарски бисер на Хрватска, Дражен.

„Преубаво си поминав за време на моето патување во Хрватска. Храната е одлична, луѓето се мили, а целата земја е прекрасна и чиста. Хрватска е домот на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Дражен Петровиќ“, пишува во писмото со потпис на Меџик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.