Меџити: Kампањата на ДУИ со слоганот „Тој доаѓа“ е резултат на паника во партијата

За кампањата на ДУИ со слоганот „Тој доаѓа“, Изет Меџити кој во четвртокот со другите незадоволни сопартијци од ткн „Огнената група“ беше во посета на Тетово каде остварија средба со жителите, оцени дека е резултат на паника во партијата, затоа што митинзите на „огнените“ се многу посетени, па на тој начин сакаат да ја сензибилизираат јавноста.

Порашениот градоначалник на ДУИ во скопски Чаир и пратеник притоа додаде дека со кампањата вицепрениерот Артан Груби всушност си поигрува со авторитетот на претседателот на партијата.

Најави дкеа „Огнената група“ на ДУИ започнува со онлајн петиција за разрешување на Груби и на владини министри. Изет Меџити вели дека ќе ги искористат сите демократски средства за да се слушне гласот на народот, не потенцирајќи како натаму ќе се одвиваат активностите со таквата петиција.

„Денеска е петиција. Утре и задутре сигурно ќе има и други механизми, демократски. Ние сме искусни во политиката, секој ден сме со граѓаните и ќе најдеме начин да победиме и овојпат. Прво рекоа дека само двајца-тројца се незадоволни, после излезе само во Чаир и Сарај. Сега гледаме дека и во Тетово и сегде луѓето, гласачите, структурата се незадоволни од владеењето на Груби и другите“, изјави Меџити за ТВ Телма.

Организацискиот секретар Блерим Беџети рече дека дошле во Тетово затоа што се загрижени за „политиките што ги води актуелната извршна власт, затоа што нема инвестиции, не се размислува за активистите, има ароганција од Артан Груби, постои општо незадоволство кај гласачите, а некој мора да даде одговорност за загубата на Тетово на локалните избори“.

Претходно во четвртокот Министерот за надворешни работи и член на претседателството на ДУИ, Бујар Османи, зјавои дека новата кампања на неговата партија насловена „Тој доаѓа“ не се однесува на избори, нити на барањето за премиер Албанец, и најавува дека наредните денови ќе стане познато што точно значи оваа кампања.