Меџити: Коалицијата што ја спремаат не е за Европа туку за спас на Артан Груби

Пратеникот Изет Меџити и други приврзаници на таканечената  „огнена група“ од влдејаќката ДУИ во четвртокот вечерта одржаа дебата во Гостивар на којашто, меѓу другото, исткна дека коалицијата којашто се прави во актуелната Влада во прв ред има цел да го заштити првиот вицепрениер и виоок партиски функционер на „интегративците“ Артан Групи отколки искрените евроинтеграциски процеси.

„Сега за Европа ќе одат со Арбен Таравари, кој до вчера беше со Москва и со Левица. Оваа коалиција не е за Европа, туку за спас на Артан Груби. За да се изгласаат уставни измени потребни сè уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не е сигурно, па ќе треба да се обезбедат уште со нова акробација“, рече Меџити.

Зборуваше и за иницијативата којашто ја поведе со сопартијците и за којашто рече дека е за спас на партијата и лидерот Али Ахмети. Меџити се осврна и на рејтингот на партијата, којшто, според него, има тренд на опаѓање и поради тоа дека се неопходни промени.

„На овие средби граѓаните ми рекоа добро што излеговте за да го спасите ДУИ од Груби. Ние навистина сакаме да ја спасиме партијата и лидерот. Али Ахмети треба да го собере Централното собрание и да видиме кој треба да седи и кој да оди. Од нас никој не бара да биде дел од Владата“, нагласи Меџити.

Поранешниот градоначалник на Гостивар и висок партиски функционер во ДУИ, Невзат Бејта, пред сограѓаните напомена дека изминативе дваесет години се вложило многу за доброто на партијата, а неговиот ангажман бил по барање на сограѓаните. Тој ги коментираше неодамнешните средби кои раководството на ДУИ ги имаше во гостиварско и притоа направи споредба со направеното и реализираните проекти.

На дебатата свои излагања имаа и Башким Хасани, заменик министер за одбрана, Муса Џафери, Блерим Беџети, Саранда Имери и пратеникот Кастриот Реџеп