Меџити одбива да се појави на партискиот состанок кој го свика Груби

44

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, истовремено претседател на партискиот огранок во Чаир, рече „Не“ на поканата на вицепремиерот Артан Груби за средба со претседателите на ограноците во седиштето на партијата во Речица.

На прашањето на весникот Лајм дали ќе учествува на овој состанок закажан денес во 14 часот, Меџити одговори негативно.

Покрај тоа што е првиот вицепремиер во Владата, Груби е и секретар на ДУИ, а состанокот го свика за планирање и организацијата на партијата во пресрет на изборите. Но, партиски извори, кои сакаа да останат анонимни, за Лајм велат дека неговата цел е повеќе да ја тестира поддршката што ја ужива во партиските ограноци, во веќе отворениот судир со крилото на Меџити, отколку за организациски прашања.

Освен во огранокот во Чаир, Груби нема доволно поддршка ниту во ограноците на партијата во Липково и Сарај, но делумно и во некои други ограноци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.