МЕ предлага трговците на мало во туристичките места да работат во недела

Предлог измени и дополнувања на Законот за трговија, со кои се предлага во туристичките места сите трговци на мало да можат да работат во недела и за време на празници, достави Министерството за економија до Собранието.

Измените и дополнувањата на Законот за трговија се доставени до партениците за нивно разгледување и усвојување.

Со овие измени се дава можност на сите туристички места што се пропишани со Закон за туристичка дејност, продавниците и дуќаните во кои се врши трговија на мало да можат да работат и во деновите кои се третираат за неработен ден и државни празници во текот на целата година.

Надоместокот од 100 проценти дневница за работа во недела и празници останува да важи и за трговците на мало во туристичките места, што треба да им ја платат на работниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.