Мејсон на клупата на Тотенхем до крајот на сезоната

48

Агнлискиот фудбалски прволигаш Тотенхем го именуваше својот поранешен играч од средниот ред Рајан Мејсон за вршител на должноста менаџер до крајот на сезоната, објавено е на официјалната веб-страница на клубот.

Тотенхем во понеделникот објави дека го отпуштил португалскиот стручњај Жозе Мурињо поради серијата лоши резултати.

Привремени помошници на 29-годишниот главен тренер, кој од терените се повлече по тешка повреда, ќе бидат Крис Пауел и Најџел Гинс, додека Мишел Ворм ќе биде тренер на голманите на трофејниот лондонски клуб. Во улогата на помошник на Мејсон ќе остане и натаму Ледли Кинг.

Мејсон е поранешен играч на Тотенхем, во чиј дрес одиграл 70 меќеви во сите натпреварувања. Првиот дуел како менацџер ќе го има во недела во финалето на Лига купот кое на „Вембли“ ќе го игра против Манчестер Сити, моментално водечкиот тим во Премиер лигата.

Во досегашниот тек од сезоната во 32-те кола од англиското фудбалско првенство, Тотенхем е на седмото место со 50 бодови, и му претстои борба за пласман во европските натпреварува следната сезина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.