Меѓу 79 и 81 отсто од хоспитализираните пациенти со ковид-19 се невакцинирани

Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79 отсто и 81 отсто од хоспитализираните пациенти со ковид-19 се невакцинирани, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека истражувањето на Цивика мобилитас потврдува дека во последните три и пол месеци има 14.500 помалку заразени, 4.595 помалку неделни хоспитализации, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата меѓу 37,9 отсто и 46,5 отсто, а трошоците за хоспитализација во последните пет недели од делта бранот се пониски за 2,8 милиони евра.

„Вакцинацијата против ковид-19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. Со вакцината се штитите себе си, пријателите, семејството и ги штитите другите околу васпорача Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.