Меѓу ослободените затвореници и шефот на турската мафија

Еден од шефовите на мафијата во Турција излезе во четвртокот на слобода откако властите донесоа одлука за пуштање на слобода затвореници за да се сопре ширењето на коронавирусите во пренатрупаните затвори во земјата, известуваат тамошните медиуми.

Турскиот парламент во понеделникот вечерта донесе закон со кој се овозможува пуштање на слобода на повеќе десетици илјади затвореници на коишто во пренатрупаните затвори фатално им се заканува заразата со короанвирусот.

Во согласност со новиот закон, од затворот Синџан е пушетн Алаатин Чакиџи, обвинет за поттикнување на убиство и други кривични дела, известија дневниот весник Haberturk и приватната новинска агенција Dogan (DHA). Според емитуваните снимки, мафијашкиот бос во конвој од возила го напуштил затворот.

Затворите ширум Турција почнаа да ги ослободуваат затвориниците, по амнестијата којашто во парламентот ја излгасаа пратениците на владејачката конзервативна Партија на правдата и развојот (AKP) и нивниот партнер крајно десното Национално движење (MHP).

Медиумите, кој како што наведуваат дека Чакиџи бил наводно ммногу близок на челникот на MHP, Девлет Бахчели, во 2006 година беше осуден на доживотен затвор за давање налог за ликвидација на неговата поранешна сопруга, но казната во 2018 година е преиначена во затворска казна од 19 години и два месеца. Бахчели го посетил Чакиџи во затвори и повикал не негово ослободување, пренесуваат медиумите.

Според амнестијата, од затворите пред отслужувањето на целосната казна на слобода ќе бидат пуштени околу 90.000 затвореници.

Невладините организации главно поврзани со западните свои централи, ја критикуваа одлуката бодејќи не предвидувала ослободување на осудениците за делата „тероризам“, меѓу кои има новинар, јавно службеници, адвокати и претставници на политичката опозиција, осудени поради учество во мрежата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен. Поранешниот политички сојузник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој речиси две децени живее во добровелн егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, е обвинет дека преку својата мрежа истомисленици во бизнисот, медиумите, образованието од детски градинки до универзитети, како и во владините агенции воспоставил држава во држава и оти со дел од војската го изведе во јули 2106-та неуспешниот обид за воен преврат во Турција. Потоа следеа масовни апсења на припадниците на мрежата којашто турските власти ја означуваат како FETO и ја ставија вон законот.