Меѓу заробените борци од Азовстал ималo 78 жени – Имале вода и храна, но ова било главниот проблем

Седумдесет и осум жени се во групата заробена од руските сили во опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол, изјави лидерот на проруските сепаратисти.

Меѓу затворениците во фабриката за челик има и странски државјани, јави руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи го сепаратистичкиот лидер од Доњецк Денис Пушилин, кој не даде точни бројки.

„Имаа доволно храна и вода, имаа и доволно оружје. Проблемот беше недостиг на лекови“, рече Пушилин.

Шест украински војници загинаа во фабриката за челик кога се обидоа да кренат во воздух складишта со муниција пред да бидат заробени, додаде тој.

Според бројките што даде Пушилин, вкупно 2.439 украински војници и борци на паравоената организација Азов биле уапсени од руските војници за време на операциите во Азовстал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.