Меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2019

Традиционалниот отворен меѓународен турнир во забрзан шах (популарно рапид) Алкалоид 2019 и оваа година со нов рекорден број од 168 учесници од 6 држави, од кои 32 со меѓународни титули, а покрај нив и голем број шахисти аматери и вљубеници во оваа игра.

Со освоени 8 поени (7 победи и две реми) на врвот на турнирската табела се најдоа двајца велемајстори. По дополнителниот критериум, првото место му припадна на македонскиот репрезентативец ВМ Кирил Георгиев, а второто на ВМ Бобан Богосављевиќ од Србија.

Зад нив следи група од 6 шахисти со по 7 поени ( од 9 партии), која ја предводеа членовите на ШК Алкалоид ИМ Филип Панчевски, ИМ Дејан Стојановски и ФМ Тони Лазов, потоа ВМ Горан Тодоровиќ од Србија, ИМ Никола Николовски (ШК Гамбит Ассеко) и ФМ Марио Ливаја од Србија.

На турнирот земаа учество и 39 јуниори до 18 години, од кои посебно се истакна 14годишните Стојан Велкоски од ШК Алкалоид и Ташев Александар од Бугарија со освоени 6 поени! Најуспешна шахистка беше македонската репрезентативка и членка на ШК Алкалоид ФИДЕ Мајсторот Моника Стојковска со 5 поени.

Турнирот, кој се одржува осма година по ред, помина во беспрекорна организација, препознатливата позитивна, фер атмосфера, покрај со признак на шаховски празник кој ги следи настаните во организација на ШК Алкалоид.