Меѓународна потерница по поранешниот претседател на Тунис, Марзуки

Тунис издаде меѓународен налог за апсење на поранешниот претседател Мосеф Марзуки под обвинение за поткопување на безбедноста на земјата.

Марзуки (76) веќе еден месец претстојува во Франција.

Актуелниот претседател на Тунис, Каис Сајед минатииот месец го поништи дипломатскиот пасош на Марзуки откако Франција ја укина помошта за Тунис.

Критичарите на Сајед истакнуваат дека тој се обидува да ја зацврсти власта и да ги дискредитира политичките противници.

Противникот на диктатурата на Бен Али, а потоа и прв претседател по револуцијата (2011 – 2014) Марзуки долго беше симбол на борбатра за демократија во Тунис, иако неговиот имиџ беше нарушен поради контроверзната поврзаност со исламистичката партија Енахда.