Меѓународни набљудувачи во кинески Ксинџијанг бараат 44 земји

Вкупно 44 земји во светот ја повикаа Кина да овозможи пристап на меѓународни набљудувачи во западната покраина Ксинџијанг – Ујгирија, поради нивната загриженост за наводно сеопфатно кршење на човековите права на Ујгурите, пратурско муслиманско етничко малцинство.

Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права, Мишел Бачелет, би требало да добие непречен пристпа во споменатата кинеска покраина, изјави канадската амбасадорка при ОН, Лесли Нортон на седницата на Советот за човекови права на ОН во Женева во вторникот, зборувајќи во име на 44-те држави.

„Исклучително сме загрижени поради состојбата на човековите права во Автономниот ујгурски регион Ксинџијанг“, рече Нортон.

Канадската дипломатка рече дека според „веродостојни извештаи“ ујгруското малцинство било подложено на масовен надзор и рестрикции, и додаде дека арбитрарно се затворени повеќе од милион луѓе. Нортон притоа повика и на почитување на човековите права и во Хонгконг и на Тибет.

Претставникот на Кина во Советот за човекови права на ОН, пак, повика на „објективна истрага“ за злосторствата над канадското домародно население, особено над децата.

Стручњаци на Советот за човекови права на ОН побараа претходно во јуни објаснување откако беше откриена масовна гробница во која се останки на 215 деца, на месото на кое било училиштето „Комплупс“ за канадските индијанци, кое работело од 1890 до 1978 година под покровителост на Католичката црква а отоа на владата на Канада.

САД, ЕУ и други главно западни земји ја потпишаа изјавата за Ксинџијанг, а тие и наметнаа санкции за Кина за кршење на човековите права во оваа покраина. Пекинг возврати со санкции за запдни политичари и организации.

Ксинџијанг

Ксинџијанг-Ујгурскиот регион е безбедносни најнестабилната област во Кина. На оваа територија живее автохтоното туркофоно население Ујгури кои станаа малцинство во однос на кинеската етничка група Хан, а според кинеските власти дејствува терористичката организација Источен Туркестан, којашто Пекинг ја сомничи за поврзаност со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда а од пред неколку годинини и со ултрарадикалната Исламска држава. Западните влади и организации за човекови права, пак, сметаат дека кинеските власти претеруваат и со тоа ја оправдуваат својата власт на „цврста рака“.

Откако на почетокот од 2010-те години во Кина се одиграа неколку големи напади, властите во Ксинџијанг во мај 2014 годинава воведоа режим на антитерористичка операција кој беше на сила до јуни 2015 година. Притоа, беше објавено дека во изминатиот период безбедносните служби успеале да уништат повеќе од 30 терористички ќелии во автономниот регион.

Кина и претходно ги обвинуваше ујгурските сепаратисти и верските екстремисти за серија напади во покраината Ксинџијанг и тврди дека сакаат да формираат независна држава којашто ќе ја нарекуваат Источен Туркистан базирана на екстремните исламистички прописи. Ова тврдење не е далеку од вистината, бидејќи последните години повеќе ујгурски активисти ја потенцираат нивната етничка поврзаноста со турската популација.

Немирите досега не беа проширени надвор од покраината Ксинџианг, иако се претпоставува дека од 1997 година радикалните Ујгури се одговорни за бомбашки напади во кои се убиени повеќе стотици лица во некои слични такви напади во другите покраинив во Кина.

Ујгурите сочинуваа повеќе од 40 отсто од вкупно 21 милиони жители на овој регион. Повеќето од нив се населени во Кашгар и другите јужни делови на провинцијата и во последните години искажуваат незадоволство од нивниот статус во општеството

Покраината Ксинџијанг зазема една шестина од вкупната државна територија на Кина, а граничи со Авганистан, Пакистан, Индија и Централната Азиска Република, богата е со нафта, гас и јаглен. Автохтоното население се Ујгурите, но во децениите доселување на покраината со мнозинскиот кинески народ Хан од другите делови на Кина, денес во Ксинџианг, Ујгурите се помалку од половината од населението.

Постојаните тензии поради големите рестрикции на ујгурската јазична, културна и верска автономија кулминираа во јули 2009 година, кога во насилните судири меѓу Кинезите од народот Хан и етничките Ујгури во главниот град на провинцијата Урумкчи загинаа околу 200 луѓе, претежно припадници на народот Хан. Од тогаш кинеските власти погубија десетици лица осудени за поттикнување на насилни судири, уапсени и кривично гонети се стотици други, а безбедносните мерки се заострени во целата покраина. Во април 2013 година во близина на Кашгар, пак, во меѓуетничките судири загинаа 21 лице.