Меѓународните институци потврдија – нема правда, има корупција

Корупцијата е навлезена во секоја пора во општеството. Во изминатиот период во неколку наврати Македонија доби опемена во однос на широко распространета корупција во државата и тоа од неколку меѓународни институции невладини и амбасадори.

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнз на Фејсбук напиша дека корупцијата ги загрозува меѓусебната доверба едни во други, во Владата, во правдата и економијата.

„Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл во 2020 година е јасен сигнал дека борбата против корупцијата останува критично важна задача за Македонија и фокус на нашето стратешко партнерство“, вели амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз.

Македонија го дели 111-тото место на рангирањето за Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година на Транспаренси интернешнл заедно со БиХ, Монголија и Панама, што е најлошо рангирање од 2001 година откога земјава првпат беше ставена на ранг-листата.

Во однос на рангирањето од 2019 година, бележиме пад од пет места иако имаме ист број индексни поени. Според извештајот на американската фондација Херитиџ сме на 41 место, а бевме 33.

Резултатот за економска слобода на Македонија е 69,5, што е пад за неколку места на Македонија за 2020 година. Во извештајот стои дека потпирањето на владата на високи нивоа на јавни расходи за финансирање на проекти за јавна инфраструктура и поддршка на социјални програми во блиското минато, ги депресирал перформансите и индикаторите за трошење на владата.

„Ограничена судска независност, политизација на судскиот орган за надзор и несоодветно финансирање на судството се постојани проблеми. Корупцијата останува сериозен проблем, а владините службеници, наводно, вршат коруптивни дела неказнето„ стои извештајот на фондација Херитиџ во делот за судството.

„За постигнување на целта потребно е охрабрување во промовирање на странски директни инвестиции во извозно-ориентирана индустрија, со што ќе се направи обид за намалување корупцијата“, стои во извештајот.