Мејведер и Пакјао ќе ги вкрстат ракавиците во декември

33

Легендарните боксери Флојд Мејведер и Мани Пакјао ќе боксуваат еден против друг во декември во Токио.

Според договорот, победата или поразот нема да им се бројат во билансот на кариерите, борбата ќе биде од егзибициски карактер, но двајцата боксери ќе имаат заработка изразена во милиони долари.

Американецот Мејведер кој не знае за пораз во професионалната кариера, а зад него се 50 борби, последниот настап го имаше пред две години во Лас Вегас, кога ја нокаутираше ММА ѕвездата Конор Мек Грегор. Мејведер пред четири години имаше и една битка со Филипинецот Пакјао, која ја доби на поени.

Пакјао има 67 победи и седум порази, и тој е единствениот на светот со титули во осум различни категории и верзии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.